На 28 октомври, во 21:10 часот, во Градско, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода 27-годишниот А.О. од Битола.
Според информациите од полицијата, тој издржувал затворска казна, но во моментот користел отсуство. При извршениот преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.





















