Кадетскиот и пионерскиот тим на РК Гемиџии Велес продолжуваат со натпреварите во своите ракометни лиги, а пред нив се нови предизвици и важни дуели на домашен терен.
Први на терен ќе истрчаат пионерите, кои во петок ги очекува дерби-натпревар против Алкалоид. Станува збор за дуел на две непоразени екипи, што дополнително ја зголемува неизвесноста и значењето на средбата. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, со почеток во 20:30 часот.
Кадетскиот состав, пак, во сабота ќе се обиде да продолжи со добрите настапи и да го потврди досегашниот квалитет во дуелот со Македонија Ѓорче Петров. И овој натпревар ќе се одигра во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“, со почеток во 14:30 часот.
Двата натпревари се можност младите ракометари на Гемиџии да ги покажат своите квалитети пред домашната публика, а поддршката од трибините може да биде дополнителен мотив за нови добри резултати.





















