Двајца 27-годишни велешани тешко повредени во сообраќајна несреќа на улицата „Вардарска“

Двајца 27-годишни велешани се здобиле со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа, околу 23:40 часот, на улицата „Вардарска“ во Велес.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (27) од Велес, од засега непознати причини излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.

Agria

Во несреќата тешко повредени се возачот и неговиот сопатник Д.П. (27), исто така од Велес. Повредите им биле констатирани во Општата болница во Велес. На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: