Пионерскиот состав на РК Гемиџии – Велес оствари убедлива победа над Алкалоид со 36:21, во натпревар кој требаше да претставува дерби на двете дотогаш непоразени екипи.
Велешките ракометари уште од самиот почеток тргнаа силно и наметнаа свое темпо. Веќе во 13. минута поведоа со 10:7, а на полувремето заминаа со предност од 15:12.
Во вториот дел гостите од Скопје целосно потфрлија, што домашните максимално го искористија за да ја зголемуваат предноста. Клучниот период се случи од 31. до 37. минута, кога Алкалоид остана без постигнат гол, додека Гемиџии реализираа шестпати и стигнаа до убедливи 32:20.
До крајот на средбата можност за настап добија сите ракометари од двете екипи, а Гемиџии рутински ја приведоа средбата до крај за конечни 36:21.
Најефикасен во редовите на велешкиот состав беше Бојан Мартинов со 11 погодоци. Андреј Јакимов постигна девет, а Петар Ѓорѓиев осум гола. Кај Алкалоид, Милош Јолдашев беше најрасположен со 11 погодоци.
Со оваа убедлива победа, пионерите на Гемиџии ја продолжуваат успешната серија, а во следното коло ги очекува гостување кај екипата на Либра Хендбал.





















