Македонската ракометна репрезентација денеска (16 часот) и гостува на Грција во рамките на второто квалификациско коло за пласман на Европското првенство 2028 година. Нашите момци после убедливиот триумф против Луксембург на домашен терен ќе ја бараат втората победа за перфектни два од два.
Селекторот, Кирил Лазаров го одреди составот за оваа средба, на голот покрај Мартин Томовски ќе биде и Васил Гогов, кој оваа сезона е во одлична форма.
Нашите најдобри ракометари отпатуваа на ова гостување со максимална самодоверба и јасна цел да освојат нови значајни бодови во Групата 8.
Токму поради одличната гол-разлика, Македонија моментално се наоѓа на првото место на табелата во својата квалификациска група.
Од друга страна, грчките ракометари во првото коло беа поразени на гостувањето кај фаворизираната Шведска со резултат од 33:24. Иако домаќинот ќе бара шанса за рехабилитација пред својата публика, квалитетот и искуството се апсолутно на страната на македонскиот национален тим.
Во последните четири меѓусебни пресметки, нашите ракометари запишаа четири сигурни победи против јужниот сосед. Сепак, стручниот штаб предупредува дека пристапот мора да биде максимално сериозен од првата до последната минута.
Фокусот ќе биде ставен на цврстата одбрана и брзата транзиција, што се покажа како добитна комбинација на претходниот натпревари. Евентуална победа широко ќе ги отвори вратите за нов континуиран настап на континенталниот ракометен собир.
Дуелот меѓу Грција и Македонија ќе почне во терминот од 16 часот.
Во првото коло нашата репрезентација го совлада Луксембур на домашен терен со високи 41:23




















