Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе биде од 2 до 7 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 8 до 13 степени.
И во Велес времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 6 степени наутро, до 12 во текот на денот.



















