Сликовницата „Приказна за ветрето“ на велешанката Лили Арсова промовирана во Тирана

Сликовницата „Приказна за ветрето“ од велешката авторка Лили Арсова беше промовирана во Тирана, во рамките на културната манифестација „Денови на македонската литература за деца“.

Zito baner

Во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана, пред тамошната публика беа претставени македонските сликовници издадени во 2026 година од издавачката куќа „Едука Мак“. Меѓу нив беше и делото на Арсова, кое беше промовирано заедно со книгите на уште десетина македонски автори за деца. Промотор на сликовницата „Приказна за ветрето“ беше Розе Костеска.

Agria

Станува збор за приказна која ги поттикнува најмладите читатели да размислуваат, да веруваат во своите желби и никогаш да не се откажуваат од нив.

Претставувањето на македонското книжевно творештво за деца пред публиката во Тирана е значаен настан за издавачката куќа „Едука Мак“, но и за афирмацијата на македонската литература надвор од границите на државата, со можност нејзините дела да допрат до нови генерации најмлади читатели.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: