Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, засилен северен ветер долж Повардарието

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Zito baner
Минималната температура ќе се движи од 8 до 12 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре попладне наместа повторно се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Agria

Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Повеќе врнежи се најавуваат во средината на седмицата, кога особено во западните делови од земјава ќе има пообилен дожд.

Во наредниот период ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: