Фудбалерите на Борец 1919 остварија убедлива победа на гостувањето кај Победа Пепелиштe, декласирајќи го домаќинот со високи 11:0. Со оваа победа велешкиот состав уште еднаш покажа дека има квалитет за повисок ранг на натпреварување и дека амбициите му се насочени кон враќање во Втората лига.
Пеце Стојанов беше најефикасен во редовите на Борец, постигнувајќи четири погодоци. Павел Панов и Милан Чичевски се запишаа во листата на стрелците по двапати, додека по еден гол постигнаа Лука Северов, Ангел Гаштев и Марио Наумовски.
По десет одиграни кола, Борец 1919 се наоѓа на втората позиција на табелата.
Во следното коло, на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес, црвено-белите ќе го пречекаат градскиот ривал Превалец во дуел кој со право го носи епитетот локално дерби. Се очекува интересен натпревар во кој двата велешки тима ќе имаат можност да ги одмерат силите.




















