Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди и повремени локални врнежи од дожд. Во текот на денот ќе дува засилен до силен јужен ветер. Управата издаде и метеоаларм за силен ветер, кој на места ќе надминува брзина од 80 километри на час.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 13 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 15 до 25 степени, што, како што велат од УХМР се значително над просекот за овој период.
Времето во Велес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува засилен јужен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 11 до максимални 24 степени.



















