(ВИДЕО) Борец 1919 ја наполни мрежата на Превалец, убедливи 7:2 на локалното дерби

Од она што требаше да биде локално дерби, немаше ни „Д“. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“, стотина гледачи проследија вистинска голеада, во која дождот од голови беше проследен и со неколку голмански грешки кои го одбележаа натпреварот.

Zito baner

Голеадата ја отвори капитенот на домашниот состав, Милан Чичевски, во 18. минута, а веќе во 27 минута, по добро изведен корнер, Лука Северов ја удвои предноста на Борец 1919 за 2:0.

Agria

Само што започна вториот дел, по една добро воиграна акција на домашниот состав, Марио Наумовски зголеми на 3:0. Трошка надеж за гостите донесе Спридонов во 53. минута, искористувајќи ја големата грешка на голманот Димитриевски.

Но, само четири минути подоцна, нова голманска грешка, овој пат на Ратко Јованоски, му овозможи на Борец да поведе со 4:1. Во следниот напад, гостите преку Никола Лазев намалија на 4:2, што беше и сè што успеаја да направат на овој натпревар.

Домашниот состав не остави ништо на случајноста и до крајот целосно го дотолчи противникот. Пеце Стојанов во 63. минута, Ангел Гаштев во 66. и Јован Димитров во 70. минута ја наполнија мрежата на Превалец за убедлива победа на Борец 1919 од 7:2.

На две кола до крајот на есенскиот дел Борец 1919 е на втората позиција со 24 бода, седум помалку од лидерот ГФК Победа, додека Превалец е изненадувачки на 12 позиција со само 11 освоени бода. Во следното коло Борец 1919 одново ќе биде домаќин овој пат на екипата на Венец од Долни Дисан, додека Превалец ќе се обиде да се искачи место погоре со триумф на Росоман.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: