![Glasacka kutija](https://batali.mk/wp-content/uploads/glasacka-kutija.jpg)
Утринава во земјава во 07.00 започна гласањето за избор на десеттиот парламентарен состав.
Денеска 1.814.263 граѓани имаат право на глас.
Граѓаните оваа година може да избираат меѓу 15 изборни листи и 1.560 кандидати за пратеници. Изборите се одржуваат под посебен протокол поради епидемијата на коронавирусот.
Ќе мора да се носат маски на избирачкото место и да се држи растојание.
Вчера гласаа затворениците и болните, а завчера заразените од вирусот и луѓето кои се во самоизолација.
Можеби ќе ве интересира: