Новите Саудиски сопственици на Њукастл Јунајтед ќе инвестираат дури 250 милиони евра во клубот за да го вратат клубот во Лигата на шампионите, каде последен пат играа во сезоната 2002/03.
Додека се чека официјалната потврда на Премиер лигата за промена на сопственоста на клубот, на Сент Џејмс Парк веќе се составува тимот со нови имиња.
![](https://batali.mk/wp-content/uploads/newcatle-1.jpg)
Фондот за јавни инвестиции во Саудиска Арабија (ПИФ), предводен од принцот Мохамад бин Салман, одлучи да го купи клубот од Мајк Ешли за 343 милиони евра, а новите сопственици обезбедија и 250 милиони евра за купување на играчи и реновирање на објектите на клубот.
Менаџерот Стив Брус ќе добие околу 150 милиони евра за да го состави тимот, а прва цел е да се врати во Лигата на шампионите.