Инфлацијата повторно забрза, цените во април пораснаа за 5,7 проценти

Market vnatre

Годишната инфлација во Македонија во април достигна 5,7 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во споредба со март, кога инфлацијата изнесуваше 4,9 проценти, ова претставува дополнително интензивирање на растот на цените и нов удар врз домашниот буџет на граѓаните.

Zito baner

Според статистичките податоци, трошоците на живот во април на месечно ниво се зголемиле за 1,3 проценти, по растот од 0,7 проценти регистриран во март.

Agria

Најголемо годишно поскапување е забележано кај алкохолните пијалаци и тутунот, каде цените се повисоки за 10,2 проценти. Значителен раст има и кај храната и безалкохолните пијалаци, кои на годишно ниво поскапеле за осум проценти.

Силен раст на цените е регистриран и во транспортот. Во април цените во оваа категорија биле повисоки за 5,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, додека на месечно ниво е забележан скок од дури 10,1 процент.

Поскапувања има и кај рекреацијата и културата, мебелот и одржувањето на домаќинствата, образованието, рестораните и хотелите, како и кај личната нега и социјалната заштита.

Новите податоци укажуваат дека инфлаторниот притисок продолжува да расте, а граѓаните сѐ повеќе го чувствуваат поскапувањето на основните производи и услуги.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: