Казина најмалку 500 метри од училишта: Владата предлага нови ограничувања

kazino

Владата го утврди новиот усогласен текст на Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се предвидуваат построги ограничувања за коцкарската индустрија, поголема заштита на младите и засилена борба против нелегалното коцкање.

Zito baner

Со законот ќе се воведат строги правила за рекламирање на игрите на среќа. Ќе биде забрането рекламирање што ги поттикнува граѓаните да учествуваат во коцкање, како и реклами што коцкањето го прикажуваат како пат до финансиски успех или подобар живот. Забрането ќе биде и користење познати личности и содржини насочени кон малолетници.

Agria

Дополнително, сите казина, автомат клубови и објекти за електронски игри на среќа ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основни и средни училишта. Во обложувалниците што се блиску до училишта нема да биде дозволено поставување електронски видео-лотариски терминали.

Од Владата велат дека целта е заштита на децата, младите и семејствата, а паралелно продолжуваат и мерките против нелегалното онлајн коцкање. Според нив, досега биле затворени 358 нелегални странски платформи за игри на среќа.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: