Пратеникот Миле Цеков го напушти Движењето ЗНАМ, ќе дејствува како независен пратеник надвор од мнозинството предводено од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот Миле Цеков денеска соопшти дека го напушта Движењето ЗНАМ и дека отсега во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, истакнувајќи дека веќе не е дел од владејачкото мнозинство. Според неговата изјава, тој вели дека во политиката влегол да ја смени политиката, а не себе си и дека е незадоволен од многу работи.

Ваквата негова одлука, како што додава, произлегува од состојбите во државата поврзани со корупцијата, селективната правда и нефункционалноста на институциите, како и од социјално-економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните. Најавува дека нема да биде дел од мнозинството, но ќе го поддржи секое решение што ќе биде во интерес на граѓаните.

Agria

„Станав дел од политиката за да се борам со системските неправди и промена, но промените не се случуваат. Не прифаќам да живеем во држава на корупција и криминал“, кажал пратеникот.

За шпекулациите во јавноста дека можно е во иднина да делува како независен пратеник, неодамна во интервју, Цеков посочи дека во нашата парламентарна практика ретко се случува пратеник од владејачкото мнозинство да гласа поинаку од официјалниот став, но тоа не треба да се гледа како проблем туку како израз на демократски капацитет и одговорност.

Во однос на уставните измени, тој останува на ставот дека нема ништо против да се внесат Бугарите во Уставот и дециден е дека поддржува влез во ЕУ, но само со заштитен национален идентитет.

„Мојот став е непроменет конзистентен и принципиелен, а тоа дека како демократ кој ги почитува човековите и малцинските права, апсолутно не сум против да бидат внесени Бугарите, Хрватите, Црногорците во нашиот Устав, но со заштитетни национални и идентитетски интереси. Повторувам со јасни заштитетни национални и идентитетски прашања. Исто така како демократ сакам мојата држава Македонија да влезе како полноправна членка во Европската Унија со јасен и чист македонски јазик култура и идентитет. Всушност тие теми не се за преговарање, тие се темелот на нашето постоење“, ни рече неодамна Цеков.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: