Ново рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на кое се очекува ДА сведочат очевидци на кобната ноќ во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.
На претходното рочиште, беше донесена одлука да нема спојување на тековната и на постапката за 13 полициски службеници. Ваква одлука донесе Судскиот совет со образложение дека процесот е во доказна постапка, а спојувањето на двата предмета во еден ќе резултира со одолговлекување и неекономичност на процесот.

















