Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Времето во наредните денови
Од денеска попладне следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Минималните температури насекаде ќе бидат над нула.


















