Педесет и петгодишен жител на Велес бил уапсен ноќеска во Охрид, откако бил пријавен за семејно насилство врз својата 21-годишна партнерка, при што, според информациите, удрил и нивно бебе.
Како што информираат од полицијата, на 03.05.2026 околу 01:30 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода осомничениот, кој иако е од Велес, престојувал во Охрид. Постапено било по пријава од неговата невенчана сопруга, која навела дека во домот во кој живееле, тој физички ја нападнал, а во текот на насилството го удрил и нивното бебе.
Од полицијата додаваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



















