
Фудбалскиот клуб Борец 1919 не престанува со засилувањата на ростерот пред новата сезона на Втората фудбалска лига. Нови имиња кај велешани се Блажевски и Јордановски.
Содржината продолжува под рекламата
Кристијан Јордановски доаѓа од струмичка Беласица и ќе ја засили одбраната. За своите 25 години има доста големо второлигашко искуство настапувајќи за екипите на Брегалница Штип, Кит-Го, Тетекс, Саса, Слога Виница, Детонит и други.
Давид Блажевски е млад и перспективен играч кој доаѓа од екипата на Кадино. Тој ќе ја зголеми конкуренцијата во со средниот ред.
Содржината продолжува под рекламата

Тие се седмото и осмото засилување за Борец откако претходно потпиша: Петар Јакимов, Матеј Цветановски, Берат Исмаил, Флорент Османи, како и Горан Димоски и Стојан Петковски.
Можеби ќе ве интересира:
- Променливо облачно со сончеви периоди
- Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес нормализиран
- Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под три проценти, во рамките на проектираното
- Вчера шест обиди за измами со лажни лекари на подрачјето на СВР Велес, пет во Неготино и еден во Велес
- Собранието треба да ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија















