Новите цени на горивата стапуваат на сила од утре, 29 септември, од 00:01 часот, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за промена на максималните малопродажни цени.
Најголемо поевтинување има кај дизелот, кој од досегашните 104,50 денари ќе се продава по максимална цена од 100 денари за литар. Од друга страна, бензините поскапуваат за еден денар. Еуросупер БС-95 ќе чини 100 денари, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 102 денари за литар.
Поевтинува и екстра лесното масло за домаќинство, чија максимална цена се намалува за три денари и ќе изнесува 111,50 денари за литар. Новата цена на мазутот М-1 НС е утврдена на 49,882 денари за килограм.
Според РКЕ, со одлуката се врши просечно намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од 1,06 отсто во однос на претходната одлука од 21 септември.






















