На 2 мај 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 18:50 часот, на регионалниот пат село Извор – Општина Чашка, во близина на местото викано „Врановски Анови“, се случила сообраќајна незгода во која пешак се здобил со тешки телесни повреди.
Според информациите, патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Н. (26) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ѓ. (57) од Велес.
По незгодата, повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Велес, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Таму му биле констатирани тешки телесни повреди.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес, а причините за несреќата се утврдуваат.


















