Полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 39-годишен велешанец, по пријава дека агресивно се однесувал и упатувал закани кон вработени во основно училиште во Велес.
Според информациите од полицијата, станува збор за Д.З. (39) од Велес, кој бил повикан на разговор на 7 мај во 10 часот, по претходна пријава поврзана со настан што се случил на 19 април годинава во училиштето каде учела неговата ќерка.
Од СВР Велес информираат дека службени разговори биле извршени и со дел од вработените во училиштето, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



















