Возел пијан низ Велес, па заврши во полициска станица

Stop Policija

Велешанец на возраст од 46 години бил лишен од слобода откако полицијата го фатила како управува возило под дејство на алкохол низ улиците на Велес.

Zito baner

Инцидентот се случил во раните утрински часови, поточно околу 01:30 часот на улицата „Димитар Влахов“, каде полициски службеници од СВР Велес извршиле сообраќајна контрола и сопреле патничко возило „фолксваген“ со велешки регистарски ознаки.

Agria

При проверките било утврдено дека возачот Т.П.(46) од Велес управувал со 1,62 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил лишен од слобода.

По насоки на јавен обвинител, тој бил задржан во полициска станица, а возилото му било одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: