Над 2,5 милиони прегледи за само 28 дена – благодарност до читателите на Batali.mk

Во време кога вниманието на публиката секојдневно се дели помеѓу стотици информации, Batali.mk во последните 28 дена достигна над 2,5 милиони прегледи на Facebook, речиси половина милион гледачи и повеќе од 43 илјади кликови кон порталот.

Zito baner

Овие бројки за нас не се само статистика. Тие се доказ дека локалните теми, навремените информации и приказните што ги засегаат граѓаните сè уште имаат силен одек кај јавноста.

Agria

Во изминатиот период, Batali.mk продолжи секојдневно да објавува локални вести од Велес, но и теми од Македонија и регионот, општествени приказни, интервјуа, анализи, реакции и информации од јавен интерес. Дел од објавите достигнаа и повеќе стотици илјади прегледи, а интересот и интеракцијата на публиката продолжуваат да растат.

Според статистиките на Facebook, во последните 28 дена:

  • содржините на Batali.mk се прегледани над 2,5 милиони пати,
  • речиси 486 илјади луѓе гледале содржини од страницата,
  • а повеќе од 43 илјади пати читателите кликнале кон текстови објавени на порталот.

Особено нè радува фактот што најголемиот дел од досегот е органски, односно резултат на споделувања, препораки и интерес од самите читатели.

Ви благодариме за довербата, критиките, пораките, споделувањата и поддршката.

Batali.mk ќе продолжи и понатаму да информира брзо, локално и независно – со уште повеќе содржини, видеа и проекти во периодот што следува.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: