Прегазено 10-годишно девојче во Велес, возачот избегал

policija veles

Десетгодишно девојче од Радовиш било повредено во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Велес, а возачот кој ја удрил малолетничката го напуштил местото на настанот. Од СВР Велес информираат дека случајот бил пријавен во текот на вчерашниот ден.

Zito baner

„На 15.05.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 16:00 часот во Општа болница Велес, за укажување лекарска помош била донесена 10-годишна малолетничка од Радовиш. Според пријавеното, на улица „Јордан Џурнов“ во Велес патничко возило управувано од НН лице, удрило во малолетничката, која во несреќата се здобила со телесни повреди, констатирани од лекар во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, соопштија од СВР Велес.

Agria

Надлежните работат на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: