Семејно насилство во Велес, двајца приведени за напад и закани во домот

semejno nasilstvo

Во два одделни случаи на семејно насилство, полициски службеници од СВР Велес привеле две лица поради физички напад и закани кон членови на семејството.

Првиот случај се случил на 16 април 2026 година во 03:40 часот, кога бил лишен од слобода З.Ј. (44) од Велес. Според пријавата, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга. По приведувањето, бил задржан во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител, а по негово целосно документирање ќе следува соодветен поднесок.

Agria

Ден претходно, на 15 април 2026 година во 16:50 часот, полицијата интервенирала и во втор случај на семејно насилство. Приведен бил Б.С. (28) од Велес, кој, според пријавата, им се заканувал на своите родители во семејниот дом. И тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: