Во црквата „Св. Кирил и Методиј“ успешно беше реализирана првата крводарителска акција во организација на Повардарска епархија, на која беа собрани вкупно 50 крвни единици.
Голем број хумани граѓани се вклучија во акцијата и со своето дарување крв дадоа значаен придонес за спасување човечки животи. Акцијата беше реализирана во соработка со Институт за трансфузиона медицина, а поддршка во организацијата дадоа и шест волонтери од Црвен крст.
Организаторите изразија благодарност до сите дарители и најавија дека ваквите хуманитарни активности ќе продолжат и во иднина, со цел подигнување на свеста за значењето на крводарувањето и помошта кон оние на кои им е најпотребна.



















