Ѓоко Велковски во работна посета на Центарот за социјална работа во Велес

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска го посети Центарот за социјална работа во Велес, каде што се информираше за текот на постапките поврзани со доделувањето на гарантираната минимална помош и социјалната сигурност за старите лица.

Zito baner

При посетата, акцент бил ставен на проверките што ги спроведуваат центрите за социјална работа со цел да се утврди дали корисниците и понатаму ги исполнуваат условите за користење на овие права. Институциите имаат задача процесот да го реализираат брзо и во координација со надлежните служби.

Agria

Во согласност со законските обврски, директорите формираат посебни стручни тимови составени од социјални работници и други професионалци. Тие ги контактираат корисниците, вршат разговори и увид во потребната документација, по што ја утврдуваат реалната состојба и носат предлози за понатамошни мерки согласно закон.

„Нашата цел е јасна -средствата предвидени за социјална заштита да стигнат до оние на кои навистина им се најпотребни. Само со одговорен, транспарентен и професионален пристап можеме да изградиме систем кој ќе биде праведен и ефикасен за сите граѓани“, истакна Велковски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: