Чалгија саунд систем со концерт посветен на легендарната тајфа на Ало Тончов

Велес в сабота ќе биде домаќин на музичка вечер посветена на богатото чалгиско наследство и легендарната чалгиска тајфа на Ало Тончов, музичари кои од градот на двата рида покрај Вардар стигнале до највисоките султанови сараи.

Zito baner

Концертот ќе се одржи на 18 јули (сабота), со почеток во 20 часот, во автентичниот амбиент на Куќата на Касапови, каде посетителите ќе имаат можност да уживаат во звуците на македонската чалгија.

Agria

За музичкото доживување ќе се погрижи „Чалгија саунд систем“, кој преку својата изведба ќе ја оживее традицијата и ќе ја пренесе раскошната убавина на чалгиската музика низ велешките сокаци.

Организаторот, Народниот музеј Велес ги повикуваат љубителите на традиционалната македонска музика да бидат дел од оваа уникатна вечер, која претставува спој на културното наследство, историјата и препознатливиот дух на Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: