До 12 часот денеска (30.06.2026), на територијата на државата се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои пет се активни, а два се изгаснати.
Два од активните пожари се на територијата на Општина Велес. Едниот пожар е регистриран покрај автопатот Велес–Штип, кај Чолошево, каде гори ниска вегетација и сува трева.
Вториот пожар е на градската депонија во Велес, каде гори отпад.
Екипите на Територијалната противпожарна единица Велес се на терен и интервенираат со цел локализирање и гаснење на пожарите.

























