Двајца велешани вчера биле лишени од слобода откако полицијата ги затекнала како управуваат возила, иако немале стекнато право на управување.
Во 09:25 часот на улицата „Димитар Влахов“ во Велес, полицијата го запрела 41-годишниот И.Д., кој управувал „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки. При проверката било утврдено дека возел без да има стекнато право на управување. Возилото му било одземено.
Истиот ден, во 19:45 часот на улицата „Благој Ѓорев“, полицајците го запреле и 23-годишниот Ф.Д., кој управувал мопед со велешки регистарски ознаки без да има право на управување. И мопедот бил одземен.
За двата случаи бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави.






















