Две жени на возраст од 40 и 41 година биле приведени во Велес во два одделни случаи на нарушување на јавниот ред и мир и семејно насилство, информираат од СВР Велес.
Во првиот случај, на 4 ноември во 12:25 часот, полициски службеници ја привеле Н.Т. (41) од Скопје, која на улицата „Крсте Мисирков“ во Велес го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, а не ги почитувала ниту наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија.
Притоа, нејзиниот 37-годишен поранешен сопруг пријавил дека таа извесен период ги вознемирувала него и нивната малолетна ќерка и не го почитувала решението на Центарот за социјална работа Велес.
Во вториот случај, истиот ден во 12:40 часот, полициски службеници ја лишиле од слобода Е.Н. (40) од Велес, по претходна пријава дека по кратка расправија физички го нападнала својот 43-годишен сопруг и му се заканувала.
За двата случаи биле известени надлежните институции, а по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави и поднесоци.





















