Форумот на жени на СДСМ Велес со порака против родово базираното насилство

Општинската организација на СДСМ Велес, под водство на претседателката на Форумот на жени Благојка Коцевска, се одржа настан посветен на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“. Настанот беше организиран со цел да се поттикне јавна свест и да се испрати силна порака дека насилството врз жените нема место во општеството.

Присутните учесници преку отворен дијалог и заедничка поддршка истакнаа дека остануваат посветени на борбата против неправдата и охрабрувањето на жените кои се соочуваат со каков било облик на насилство.

Agria

Организаторите нагласија дека активизмот, солидарноста и заедништвото се клучни за изградба на побезбедна и поправедна заедница.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: