„Годо“ вечерва на сцената во Штип, велешкиот театар во заеднички проект со Куманово и Штип

Претставата „Годо“, копродукциски проект на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип, вечерва  од 20 часот ќе биде изведена на големата сцена на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето“.

Zito baner

Претставата е инспирирана од култното дело „Чекајќи го Годо“ на ирскиот драматург, поет и романописец Семјуел Бекет, а режијата ја потпишува Ѓорѓи Ризески. Во актерската екипа се Ефтим Трајчов Ѓаурски, Марко Трајковиќ, Жарко Спасовски, Марија Бреслиска и Јоана Панзова, кои преку современ сценски пристап ја оживуваат една од најзначајните драми на светската литература.

Agria

Автор на музиката, која ќе се изведува во живо, е Сашко Костов. Сценографијата е на Филип Коруновски, костимограф е Моника Гачева, кореограф Саниа Русеска, а шминката ја потпишува Андријана Андреева.

„Годо“ е пример за успешна соработка меѓу три македонски театри и културни институции, а театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес со оваа копродукција уште еднаш го потврдува својот значаен придонес во современата македонска театарска сцена.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: