Искри од циркулар предизвикале пожар на нива во атарот на селото Караслари, при што биле опожарени овоштарник и сандаци со пчели во сопственост на велешанец.
Според информациите од СВР Велес, настанот се случил вчера, 13 јуни околу 18 часот. Полициски службеници извршиле службен разговор со А.С. (37) од селото Долно Караслари, кој додека работел со циркулар на својата нива предизвикал искрење, по што избувнал пожар.
Огнот се проширил и зафатил овоштарник и пчелни сандаци сопственост на В.С. (45) од Велес. Во пожарот нема повредени лица, а интервенција извршила екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, која успеала да го изгасне огнот.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
„На 13.06.2026 во 18:00 часот во СВР Велес, полициски службеници извршиле службен разговор со А.С.(37) од село Долно Караслари, велешко, затоа што на неговата нива во атар на село Караслари, каде работел со циркулар, предизвикал искрење, по што настанал пожар, кој опожарил овоштарник и сандаци со пчели, сопственост на В.С.(45) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа од Територијална противпожарна единица Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

























