ЈКП „Дервен“: Не гори депонијата во Велес, туку сува трева и ниска вегетација во нејзина близина

Јавното комунално претпријатие „Дервен“ реагира на информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) дека гори градската депонија во Велес, соопштувајќи дека станува збор за пожар на ниска вегетација и сува трева во близина на депонијата.

Zito baner

Од претпријатието велат дека нема зафатено отпад на самата депонија, туку пожарот е надвор од нејзиниот простор.

Agria

„Дервен“ информира дека состојбата се следи и дека се преземаат активности во координација со надлежните служби за спречување на ширење на огнот.

Претходно, ЦУК соопшти дека на територијата на Општина Велес е регистриран пожар кај градската депонија, каде според првичните информации било зафатено ѓубре.

#

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: