Педесет и четиригодишен велешанец загина во сообраќајна несреќа откако бил удрен од товарно возило на улицата „Раштански пат“ во Велес.
Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила на 22 јуни 2026 година околу 11 часот, кога товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки и приколка со велешки таблички, управувано од С.Д.(55) од Велес, удрило во пешакот О.Ѓ.(54), исто така од Велес.
Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Велес.
Возачот на товарното возило бил лишен од слобода. На местото на несреќата извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција, а случајот продолжува да се истражува.

























