Лишен од слобода 35-годишник, пронајдени бесправно исечени дрва

Traktor so drva

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка лишиле од слобода 35-годишен жител на селото Мелница, откако кај местото викано „Мелничка Река“, во атарот на селото Голозинци, бил затекнат со трактор натоварен со огревни дрва без соодветна документација.

Zito baner

Според информациите од полицијата, настанот се случил на 2 октомври во 17:40 часот. Тракторот „Форд“ немал регистарски ознаки, а со него управувал С.А., додека сопатник бил 17-годишен малолетник од Мелница.

Agria

При контролата било утврдено дека дрвата немаат жиг и боја, ниту соодветна документација. При пребарување на теренот, полицијата пронашла и дополнителна количина бесправно исечени дрва. Дополнително, било констатирано дека 35-годишникот го управувал тракторот без возачка дозвола.

По насоки на јавен обвинител, тракторот и дрвата биле одземени и предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. С.А. бил приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: