Лишен од слобода жител на Мартолци поради нелегално превезување дрва

Traktor so drva

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка на 2 декември 2025 година во 17:25 часот го лишија од слобода В.М. (46) од село Мартолци, општина Чашка. Тој бил затекнат во атарот на селото како управува трактор „ИМТ“ без регистарски ознаки, со приколка натоварена со огревно дрво.

По кратко време, при проверка во дворот на неговиот дом, било утврдено дека дрвата се без соодветна документација. Поради тоа, огревното дрво, тракторот и приколката биле одземени и предадени на Шумската полиција Велес.

Agria

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес. В.М. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: