„Наша вечер“ на Иван Босиљчиќ ќе донесе хуманитарен дух во Велес

Хуманитарен божиќен концерт со актерот и пејач Иван Босиљчиќ ќе се одржи на 4 јануари во 20 часот на сцената на велешкиот театар. Настапот, под наслов „Наша вечер“, го најави градоначалникот Марко Колев како прв поголем културен настан во пресрет на новогодишните празници.

Концертот се реализира во соработка со Театарот „Ј.Х.К. Џинот“ и Општинската организација на Црвениот крст Велес, а средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Билетите ќе чинат 1200 денари и ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на театарот од 9 декември.

Agria

Организаторите нагласуваат дека празничниот период е вистинска можност да се покаже солидарност и да се поддржат хуманитарните активности во заедницата.

„Празниците кои доаѓаат не потсетуваат на суштината на животот и богоугодноста – уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост, додаде Колев.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: