Несреќа кај Уланци, почина 81-годишен тракторист

traktor

Осумдесет и едногодишен жител на Градско го загубил животот во несреќа со трактор што се случила вчера попладне кај местото викано „Србиново“, во атарот на селото Уланци, општина Градско.

Zito baner

Според информациите од СВР Велес, несреќата била пријавена на 25 јули, околу 18 часот. С.Л. (81) од Градско, управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над возилото, по што тракторот излетал од патот.

Agria

Од здобиените повреди, 81-годишниот маж починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Надлежните институции ги утврдуваат околностите под кои се случила несреќата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: