Во семеен инцидент што се случил во Велес, 42-годишен велешанец бил приведен откако, според пријавата, физички ја нападнал својата 71-годишна мајка.
Настанот се случил на 25 јули околу 00:10 часот, кога полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Т.Б. (42), постапувајќи по пријава од неговата мајка. Според пријавеното, по кратка расправија во семејниот дом, тој ѝ се заканувал, а потоа ја нападнал со остри предмети, при што ѝ нанел расекотина на раката. По нападот, фрлал и кршел предмети низ домот.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.




















