Осуденик на викенд отсуство фатен како краде во Велес

Осуденик кој издржувал затворска казна во Казнено-поправната установа „Идризово“ е приведен во Велес под сомнение дека извршил кражба додека користел викенд отсуство.

Zito baner

Од СВР Велес информираат дека на 10 јули 2026 година, околу 20:40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода У.Ф. (35) од Велес. Тој се сомничи дека од дворот на 54-годишен велешанец одзел повеќе различни предмети.

Agria

При преземените мерки и проверки, полицијата утврдила дека осомничениот издржувал казна затвор во Казнено-поправната установа „Идризово“, а во моментот бил на викенд отсуство.

По приведувањето, У.Ф. бил спроведен назад во затворската установа. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: