Пет дена фолклор, традиција и боите на светот, утре почнува ИФФ „Велес 2026“

Со традиционалното дефиле низ велешките улици утре започнува 21. издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2026“, кој и оваа година ќе го донесе духот на различни култури и традиции во градот.

Zito baner

На фестивалската сцена ќе настапат фолклорни ансамбли од Македонија, но и гости од Полска, Албанија, Мексико, Србија, Австралија, Костарика, Бугарија и Италија.

Agria

Во организација на Ансамблот „Керамичар“, КУД „Коле Неделковски“ и ФА „Вила Зора“, со поддршка од Општина Велес и Министерството за култура и туризам, велешани во наредните пет дена ќе имаат можност да уживаат во традиционалните ора, музика и носии од земјите учеснички.

Фестивалските вечери ќе се одржуваат во Амфитеатарот во Младински парк, каде фолклорот повторно ќе ги спои различните народи преку песната, играта и богатото културно наследство, а во случај на лоши временски услови, фествивалските вечери ќе се одржат во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: