Пожар во кафана „Шкорпион“ во Велес, пожарникарите спречиле можна експлозија од плински боци

Пожар избувнал во кујната на кафаната „Шкорпион“ на улицата „Никола Карев“ број 33 во Велес, во неделата вечерта.

Zito baner

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица Велес, дојавата за пожарот била примена на 28 јуни во 22:10 часот, по што веднаш биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари-спасители.

Agria

По пристигнувањето на местото на настанот било констатирано дека гори дел од кујната на објектот. Благодарение на брзата интервенција и ангажманот на пожарникарите, огнот бил ставен под контрола и целосно изгаснат за кратко време.

Од противпожарната единица посочуваат дека во кујната имало плински боци, но со навремената реакција било спречено нивно загревање и можна експлозија, со што била избегната поголема опасност.

Во интервенцијата нема повредени лица. Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: