Приведен 32-годишник од Долно Јаболчиште, остана без автомобил по полициска контрола

policija svetla

32-годишен жител на селото Долно Јаболчиште, општина Чашка, е приведен откако полицијата го затекнала како управува автомобил без да има стекнато право на управување.

Zito baner

Инцидентот се случил на 14 јули околу 20 часот на експресниот пат Градско–Прилеп, каде полициски службеници од ОВР Кавадарци при сообраќајна контрола сопреле патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.А. (32).

Agria

По извршените проверки било утврдено дека возачот никогаш не стекнал право на управување со моторно возило, по што бил лишен од слобода. За случајот бил известен јавен обвинител, а возилото било одземено.

По целосното документирање на случајот, против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: