Двајца жители на селото Бузалково се здобиле со тешки телесни повреди откако расправија поради недоразбирање во сообраќајот прераснала во физичка пресметка на патниот правец Велес – Бузалково.
Според информациите од СВР Велес, настанот бил пријавен на 3 јули, а инцидентот се случил околу 15 часот. Во тепачката учествувале Б.Ј. (22) и М.Ј. (48) од една страна и А.Џ. (24) од друга страна, сите од селото Бузалково.
Во пресметката тешки телесни повреди добиле М.Ј. и А.Џ., а повредите им биле констатирани во Општата болница во Велес.
Од СВР Велес информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

























