Триесетгодишна велешанка е лишена од слобода откако, според информациите од полицијата, со остар предмет му нанела убодна рана на својот 37-годишен вонбрачен сопруг.
Настанот се случил на 6 јули околу 19 часот во Велес. Од СВР Велес информираат дека полициски службеници ја привеле Т.Д. (30), поради сомнение дека во семејниот дом го нападнала својот вонбрачен сопруг со остар предмет.
Повредениот бил пренесен во Општата болница во Велес, каде му била укажана лекарска помош, додека осомничената била задржана во полициска станица.
Полициските службеници го пронашле и го одзеле предметот со кој било извршено делото, а за случајот бил известен јавен обвинител.
По целосното расчистување и документирање на настанот, против Т.Д. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „обид за убиство при семејно насилство“, казниво по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.






















