Силниот ветер предизвика пожари и урнато дрво во велешко, пожарникарите интервенираа на четири локации

Силниот ветер што вчера попладне го зафати велешкиот регион предизвика неколку пожари на отворен простор, како и пад на дрво на коловоз, поради што пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес интервенираа на четири различни локации.

Zito baner

Најсериозна била интервенцијата во селото Сујаклари, каде во 18:17 часот била примена пријава за запалена сува трева во близина на куќите. На терен веднаш биле испратени две противпожарни возила и четворица пожарникари-спасители. По нивното пристигнување било утврдено дека пожарот е во развиена фаза и веќе зафатил објект за складирање жито и бали со слама. Поради сериозноста на ситуацијата, побарана била дополнителна поддршка со уште едно противпожарно возило за дотур на вода и уште двајца пожарникари. Според првичните претпоставки, пожарот најверојатно избувнал поради краток спој на жици од електричната мрежа.

Agria

Само осум минути подоцна, во 18:25 часот, била примена дојава за пожар на сува трева во селото Чалошево, исто така во близина на куќите. На местото интервенирале две противпожарни возила и четворица пожарникари. При нивното пристигнување, пожарот веќе бил ставен под контрола благодарение на брзата реакција на локалните жители, кои започнале со гаснење пред доаѓањето на пожарникарите.

Во 18:50 часот, ТППЕ Велес интервенирала и на влезот во Отовица, каде горела сува трева. На терен било испратено едно противпожарно возило со двајца пожарникари-спасители.

Покрај пожарите, силниот ветер предизвикал и пад на дрво на клучката позната како „Штипско петле“. Дојавата била примена во 18:45 часот, а пожарникарите со едно возило и двајца спасители брзо интервенирале, при што дрвото било исечено и отстрането од коловозот, со што сообраќајот бил нормализиран.

Од ТППЕ Велес апелираат граѓаните да бидат внимателни во услови на високи температури и засилен ветер, бидејќи и најмалата искра може да предизвика пожар со сериозни последици.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: